Врз основа на член 2 од Правилникот за утврдување на постапката за прибирање и разгледување на предлог-активности во областа на спортот во Општина Крива Паланка за .2024 година, донесен од страна на Градоначалникот на Општина Крива Паланка,08-5417/1 од 16.11.2023 година, Општина Крива Паланка објавува
Ј А В Е Н П О В И К
за прибирање предлог- активности за поддршка и унапредување на спортот, спортските клубови и здруженија во Општина Крива Паланка за 2024 година
Со цел унапредување и развој на спортот во Општина Крива Паланка ,како и успешна реализација на Програмата за активностите на Општина Крива Паланка во областа на спорт за 2024 година, се повикуваат сите спортски клубови, здруженија и професионални спортски клубови да пројават интерес на овој јавен повик, исполнувајќи ги следниве услови:
- Критериуми
Како подносители на предлог-активности за поддршка и унапредување на спортот, спортските клубови и здруженија во Општина Крива Паланка за 2024 година можат да се јават: спортски клубови, здруженија и професионални спортски клубови , а кои ги исполнуваат следните критериуми:
- да се регистрирани на подрачјето на Општина Крива Паланка;
- да придонесуваат во организирање на манифестации, турнири и проекти од областа на спортот;
- да придонесат во создавање на услови за правилно насочување на младите и организирање на нивните слободни активности во областа на спортот;
- да придонесуваат во збогатување на спортско-рекреативниот живот во општината;
- Потребна документација
Подносителите на барања потребно е да достават:
- барање со основни информации за подносителот (име на организацијата, адреса, телефонски број, е-маил адреса, лице за контакт), краток опис на организацијата, предлог-активност за конкретна манифестација, опис на активностите кои ќе се преземат и придонесот од наведената манифестација, турнири, и проекти од областа на спортот, потребен буџет како и опис на потребите од буџетот;
- доказ за регистрација за вршење на дејност од областа на спортот со седиште на територија на општина Крива Паланка (тековна состојба од Централен регистар)
- Рок и начин на доставување на барањата
Јавниот повик ќе биде објавен на официјалната веб страна на Општина Крива Паланка www.krivapalanka.gov.mk ќе трае 5 (пет) дена од денот на објавувањето.
Барањата со целокупната документација се доставуваат во писмена форма до општинската архива со назнака „До Општина Крива Паланка, Одделение за јавни дејности, економски развој и информатичка технологија , за Јавен повик за прибирање на предлог –активности за поддршка и унапредување на спортот, спортски клубови и здруженија во Општина Крива Паланка за 2024 година“
Барањата кои ги исполуваат условите, а кои ќе бидат од најголем интерес за развој и унапредување на спортот во градот, ќе бидат дел од Програмата за активностите на Општина Крива Паланка во областа на спортот за 2024 година.
Општина Крива Паланка
Градоначалник
Сашко Митовски