Градоначалникот Сашко Митовски потпиша договор за финасирање на проектно-теничка документација за реализација на приоритетни инфраструктурни проекти.
Со потпишувањето на договорот за изработка на теничка документација, обезбедена е изградбата на два значајни патни правци во Крива Паланка и тоа, локален пат во Крстата падина со мост на Крива Река и изградба на локален пат Градец – Осиче.
Финансиските средства за подготовка на проектно – техничка документација се во висина од 35 000 долари и се обезбедени преку Програмата за развој на Обединетите нации ( УНДП) во рамки на проектот „ Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти – Фаза 2 “, кој е финансиран од страна на Шведска агенција за меѓународна соработка СИДА и Бирото за регионален развој.