Денес во свечената сала на Влада на РС Македонија, градоначалникот на општина Крива Паланка Сашко Митовски и директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи потпишаа Договори за реализација на проекти во Општина Крива Паланка.
Со овие Договори ќе се реализираат проектите „Изградба на регулација на минор корито на Крива Река“-дел 4, во лолжина од 463 метри, со седства во висина од 16.629.664 денари и проектот за „Изградба на локален пат Крива Паланка -с.Варовиште – с.Кошари – с.Б’с“, карак 1, во должина од 2 км. со износ од 10.000.000 денари.
Исто така денес е потпишан и Договорот за реализација на проектот за „Реконструкција на локален пат во с.Мождивњак“ со износ од 12.000.000 денари, кој е аплициран преку СИПР-Центарот за развоја на Североисточен плански регион.