Денес во Општина Крива Паланка се одджа првата работилница во рамки на проектот „Земја на легендите“ што Општината го реализира во партнерство со збратимениот Град Лесковац, Република Србија.
Проектот се финансира од Програмата за прекугранична соработка Србија – Северна Македонија 2016-2020 година, преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА II) и ова е втор проект на Општина Крива Паланка и Град Лесковац, што произлезе како идеја благодарение на успешната соработка со Лесковац, воспоставена со реализираниот проект „Да ги поврземе бисерите“.
Вкупната вредност на проектот „Земја на легендите“ изнесува близу 200.000 евра, од кои околу половина ќе бидат инвестирани за реализација на активности во Општина Крива Паланка.
Во делот на инфраструктурната компонента се предвидени градежни работи во т.н. културно- историски локалитет Градец, локацијата кај училиштето во село Градец, каде е предвидено партерно уредување, поставување урбана опрема, детско игралиште, објекти, тремови пристапни за лицата со попречености.
Неинвестициските активности предвидуваат изработка на рекламни матријали, промотивни настани и средби помеѓу претставници на засегнати страни од областа на туризмот во прекуграничниот регион, со цел ставање во функција на развој на туризмот на богатото културно наследство и народно творештво: легенди митови и преданија.