Пуштен во употреба  ПАМП ТРАК полигон во Општина Крива Паланка

Денес во Општина Крива Паланка, официјално беше пуштен во употреба новоизградениот ПАМ ТРАК полигон за велосипеди, скејтборди и слични средства за екстремни спортови.

ПАМП ТРАК полигонот е изграден во рамки на проектот „Изградба на Памптрак полигон за унапредување на туристичката понуда во општина Крива Паланка“- како дел од активностите од проектот поддржан од Програмата „Зајакнување на општинските совети-фаза 2“, финансиран од Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, која што ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединети нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери, предложен од граѓаните на Општина Крива Паланка во рамки на проектен форум во заеницата, оддржан во 2023 година.

Одлуката за реализација  на проектот “Изградба на памп-трак полигон  за унапредување на туристичката понуда во општината“ е донесена како резултат на проектниот форум , каде идејата за овој проект беше изнесена како потреба на младите луѓе-учесници на форумот. а  потоа и изгласана како приоритетен проект од страна на форумот.

Новиот „памп-трак“ полигон за велосипеди, скејтборди и слични средства за екстремни спортови  се наоѓа во Спортскиот комлекс и достапен е за сите млади генерации, како адреналинска патека за рекреација и забава.

Вредноста на овој проект е во висина од 4 милиони денари од кои 2,5 милиони се грант, а 1,5 милиони денари се кофинасирање од општината.

Градоначалникот Митовки упати благодарност до Министерството за локална самоуправа, Швајцарската Агенција за развој и соработка за финансиската поддршка и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) за севкупната поддршка и досегашната соработка.

„Со изградбата на памптрак полигонот ние како локална самоуправа се трудиме да го подигнеме квалитетот на живот за граѓаните преку збогатување на содржините достапни посебно за помладите генерации и затоа продолжуваме да инвестираме во спортската инфраструктурата. Во следниот период имаме планирани конкретни активности за зголемување на содржините на спортскиот коплекс и активно работиме на обезбедување нова проектно-техничко документација, со која планираме нови содржини на спортскиот комплекс, меѓу кои: изградба на уникатно детско катче, парк за миленичиња и изградба на спортски терен за мал фудбал со вештачка трева“, изјави пред пруситните, градоначалникот Митовски.

Големина на фонт
Контраст