Општина Крива Паланка лидер за фискална транспарентност во Североисточениот плански регион

Високата фискална транспарентност ја позиционира Општина Крива Паланка на врвот на табелата со 83%, највисок процент, на даночна транспарентност во државата, заедно со Берово од Источниот регион.

Лидери сме и на ниво на Североисточен регион, со 15 од максимални можни 16 индексни поени, заедно со Липково, а просечниот индекс на буџетска транспарентност во Североисточен регион бележи најголемо подобрување, и општините од овој регион годинава во просек се најтранспарентни на регионално ниво, споредено со општините од другите плански региони.

Тоа е потврда дека сите процеси што ги реализираме се високо оценети: документи, податоци и информации поврзани со локалниот даночен систем, но и она што е особено значајно за нас и редовно го практикуваме, низ форумски процес – учеството на граѓаните во носење одлуки, кои допринесуваат кон поттикнување на даночните обврзници да ги исполнат даночните обврски кон општините.

Процесот се реализира со поддршка на УСАИД и проектот “Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите” што помага партнер општините да ги унапредат транспарентноста и отчетноста во процесите на: прибирање, трошење и контрола на сопствените ресурси, со цел ефикасна испорака на услугите до граѓаните.

Големина на фонт
Контраст