Завршна конференција од проектот „Регионални политики по прашањето на хендикеп“во општина Крива Паланка

Денес во општина Крива Паланка се одржа завршна конференција и тематска средба  во рамки на проектот „Регионални политики за хендикеп”, во организација на Здружението Хендикеп Плус од Крива Паланка.

Општата цел на проектот „Регионални политики по прашањето на хендикеп“, е унапредување на регионалните политики во Македонија и нивно усогласување со обврските од Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп, а специфични цели во проектот се насочени кон промовирање на обврските од Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп, преку учеството на граѓанските организации во креирањето и донесувањето одлуки на локално ниво.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка Сашко Митовски го поздрави ангажманот и заложбата на сите учесници и поддржувачи за успешната реализација на овој значаен проект и во своето обраќење пред присутните гости и организаторот изјави:

„Благодарение на вашиот проактивен однос, ние како локална власт, добиваме патоказ  во каја насока да се движиме во креирањето на политики за поддршка на лицата со попреченост и затоа за наредната година предвидовме и нова мерка за поддршка, доделување на ваучери при купување на сезонска гардероба за лица корисници на услугата на дневен центар за лица со телесна и интелектуална попреченост и лица згрижени во згрижувачки семејства, со вкупна вредност од 300 000 денари.

Знам дека секогаш може повеќе и подобро и затоа Вие бидете гласни и проактивни, а ние како Општина заедно со релевантните институции од оваа област, здруженијата на граѓани и поединци, мораме да Ве слушнеме и да продолжиме да креираме политики, мерки и активности, кои ќе бидат во согласност со вашите потреби и барања, изјави градоначалникот Митовски.

На конференцијата свое обраќање имаше и амбасадорот на Р.Бугарија во Р.С.Македонија,  Н.Е Ангел Ангелов, како и Бранкица Димитровска од ЗГ Хендикеп Плус, кои ја потенцираа  досегашната позитивна соработка и пријателскиот однос со Општина Крива Паланка и градоначалникот Сашко Митовски.

Проектот „Регионални политики за хендикеп” финансиски е поддржан од Програмата за развој на Бугарија.

Големина на фонт
Контраст