Трета година по ред  Крива Паланка блесна во полн сјај

Дочекот на Новата Година подразбира празнична и весела атмосфера, украсување и декорирање не само на домовите, туку и на градовите. Некои не трошат многу време за тоа, а други пак, со своите идеи креираат вистински новогодишни бајки и ги воодушевуваат сите кои знаат да се радуваат.

Една таква прекрасна новогодишна бајка, и оваа година се испишува во општина Крива Паланка и градот трета година по ред, блеска во полн сјај, а новогодишната атмосфера се чувствува насекаде низ градот.

Поставени се две големи новогодишни елки на централниот градски плоштад и плоштадот „Карпошово востание“, бројни светлечки декоративни форми , разнобојни светилки и украси низ централната улицата,  како и куќички за продажба на пијалоци, храна, новогодишни украси и подароци на централниот плоштад.

Желбата за убава празнична атмосфера, задоволни граѓани и насмеани и среќни детски лица, се главниот мотив на градопначалникот Сашко Митовски и локалната самоуправа, да истрајат во намерата Крива Паланка да биде најубаво новогодишно украсен град во Македонија и затоа деновиве, градот блесна и личи на светска метропола.

За тоа колку е убав градот и кој, и годинава ќе ја понесе круната за најубаво новогодишно украсен град, најгласно и најубаво зборуваат многубројните објави на социјалните медиуми, афирмативните новинарски текстови и секако пофалбите од сите страни, а особено од нашите пријатели и чести посетители на Крива Паланка.

Крива Паланка е веќе препознатлива во регионот и пошироко, не само по новогодишното украсување, туку и по понудата од областа на култура којашто следува во декември и јануари, во рамки на „Новогодишен базар“, со која се нудат бројни настани што привлекуваат неколкуилјадна публика во периодот на одржување.

Градоначалниот  Сашко Митовски во ова прилика испраќа порака  на  љубов и покана до сите.

„Да се обединиме без разлика на партиска, верска, етничка припадност и само така, ќе пратиме порака на љубов и покана до сите да ни бидат гости во Крива Паланка.

Сакам да ги направам среќни сите граѓани и секој еден посетител на нашиот град, и сакам сите заеднички да уживаме во новогодишната програма прекрасната предновогодишна атмосфера, која после се, на сите нас ќе ни недостасува.

Големина на фонт
Контраст