Посета на Општина Дупница

Делегација на општина Крива Паланка предводена од градоначалникот г-дин Арсенчо Алексовски ја посети општина Дупница на 19.10.2009  – празник на општина Дупница.

Инаку Крива Паланка и Дупница се збратимени општини кои успешно соработуваат и зад себе имаат реализирано два заеднички проекта во рамките на Фаре/Кардс програмата. Соработката продолжува и понатаму со разработка на проектни идеи за отворениот повик од ИПА програмата на Европската Унија.

За Крива Паланка е драгоцено што Дупница е добар пример за успешно децентрализирана локална власт, која се потпира на самостојниот развој. Таа општина со околу 56.000 жители е со најмала стапка на невработеност во Бугарија, како резултат на големиот број социјални програми за нови работни места.
Дупница е водечка општина и по индустриското производство во регионот и со фармацевтската и текстилна индустрија, кои се дел од најпознатите светски концерни.

Големина на фонт
Контраст