Обезбедени средства за реконструкција на трите главни моста над Крива Река

На вчерашната седница на Владата на РС Македонија беше усвоена предлог одлука за прераспределба на средства од Буџетот, за реконструкција на трите главни моста над Крива Река.

Со оваа одлука на Влада, одобрени се нови 26.600.000 денари за реконструкција на трите главни моста над Крива Река, за нов, модерен лик- според изготвените идејни решенија за:

Шанин мост – 10.800.000 денари
Виолетов мост – 6.200.000 денари
Осички мост – 9.600.000 денари

Овие градски мостови ќе прераснат во значаен симбол на градот и ќе овозможат ново поврзување, раст на економијата и туризмот.

Инвестираме вкупно 40.000.000 денари за реконструкција на сите 5 градски мостови во една календарска година, заедно со претходно одобрените 14.000.000 денари од ТАВ програмата за реконструкција на “Соларски мост” и т.н.”Градечки мост”.

Продолжуваме да работиме неуморно и посветено и да градиме урбана општина со нов и модерен изглед на градот и сите инвестиции се влог за нас и нашите деца, за поубав модерен град, на кој сите ќе бидеме горди.

Големина на фонт
Контраст