Асфалтирана улицата „Климент Охридски“

Градоначалникот Сашко Митовски денес направи увид во завршната фаза од асфалтирањето на ул.Климент Охридски.

Финасиските средства за асфалтирањето на ул. „Климент Охридски“ се обезбедени преку Бирото за регионален развој,  од проектот за создавање услови за развој на урбаните подрачја во општина Крива Паланка.

Вкупната вредност на овој проект е во висина од 15.4 милиони денари, а со истиот е опфатено асфалтирање на уште три улици во Општината, од кои: ул. „Македонска“ каде асфалтирањето  е завршено и поставена е атмосферска и фекална канализација со соодветна пропратна инфрастуктура, потоа ул. „Баглачка“, како и ул. „Осоговска“ каде градежните работи се во зафршна фаза.

Општината континуирано планира и инвестира за подобрување на урбаниот и модерен лик на секој дел од градот, во насока на подобрување на неопходните условите за живот во секое населено место.

Големина на фонт
Контраст