Спроведена акција за пошумување на 3000 садници бор

Извидничкиот одред Наум Наумовски – Борче од Крива Паланка, заедно со Сојузот на Извидници на Македонија, реализираа заедничка aкција за пошумување на претходно опожарени површини, а акцијата е предвидена како активност во проектот БОРЕНКА – младинска акција за активизам и волонтеризам, кој финансиски е подржан од УНДП и Општина Крива Паланка.

Оваа активност се одржа во атарот на село Т’лминци на претходно опожарена површина на која, со оваа активност беа засадени 3000 садници бор.

Во акцијата за пошумување учестваа 150 лица, меѓу кои извидници од Крива Паланка, Извидници од Скопје, ученици и професори од Средното Општинско Училиште „Ѓорче Петров“од Крива Паланка, Вработени од ЈП Национални шуми подружница Осогово-Крива Паланка и членови од ЕАЗ Осоговски акцијаши од Крива Паланка .Со оваа активност извиднички одред Наум Наумовски – Борче од Крива Паланка целосно го заврши Проектот БОРЕНКА – младинска акција за активизам и волонтеризам.

Големина на фонт
Контраст