Во текот на изминатите денови се санираа оштетените асфалтни површини на улицата „8-ми Октомври“ каде се поставија околу 600 м2 нов асфалт. Улицата на неколку места е проширена, а во текот на утрешниот ден се очекува поставување на т.н. „лежечки полицајци“ на две локации на истата улица.
Градежните работи продолжуваат согласно динамиката и временските услови, а во текот на наредните денови ќе продолжат и на други локации согласно со Програмата за работа на Одделението за изградба и одржување на комуналната инфраструктура.