Започна реализација на нов капитален проект за реконструкција и проширување на ул.”Св.Јоаким Осоговски”

Денес градоначалникот Сашко Митовски, заедно со  министерот за транспорт и врски -Благој Бочварски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство- Љупчо Николовски,  официјално го означија почетокот на проектот што ќе го промени ликот на градот и ќе донесе нов урбан лик на централното градско подрачје – проектот:

Реконструкција и проширување на улицата “Св.Јоаким Осоговски”.

Инвестицијата за реализација на овој капитален проект е со вкупен износ од 35 000 000 денари, средства одобрени преку Министерство за транспорт и врски и проектната програма на Светска банка, а општина Крива Паланка ќе искористи и дополнителни средсва, до 45 000 000 денари, за да ја продолжи и заокружи целосната реконструкција на оваа улица.

Реконструкцијата и проширувањето на  улицата “Св.Јоаким Осоговски” ќе се одвива во две фази.

Во првата фаза, ќе се работи на делницата од  “Соларски мост“ на Дурачка река во центарот на градот, па се до долот “Нумулија“. На овој потег е предвидена и изградба на кружен ток за полесно и побезбедно одвивање на сообраќајот, како и изградба на потпорни зидови за да се обезбеди соодветна нивелација на теренот, изградба на платформа за проширување на постоечкиот профил на улицата  и обезбедување на дополнителни паркинг места и пошироки тротоари за безбедно одвивање на пешачкиот сообраќај.

Во другара фаза ќе се продолжи со реконструкција на  ул.

“Св.Јоаким Осоговски” се од долот во населба “Единство“, а со предвидената изградба и реконструкција, опфатени се и решенија на сите потребни инсталации, како што се:

електрика, водовод и атмосферска и фекална канализација.

Со реализација на овој проект граѓаните ќе добијат ново модерно решение за централниот дел од градот и главната улица.

Градоначалникот Митовски во оваа прилика упати искрена благодарност до сите Министерства и до Владата на РС Македонија, за големата поддршка што доаѓа од нивана страна, а која е во интерес на граѓаните на Крива Паланка.

Дел од обраќањето на градоначалникот Митовски:

„ Денес сите треба да сме горди на тоа дека, нашиот град добива нов лик, се модернизира и урбанизира, да се радуваме дека ова не е само дадено ветување – туку реалност. Изведувачот денес, официјално се воведува во градба, а градежните активности интензивно отпочнуваат веднаш по празничните денови,  а ние повторно докажуваме како се сака и како се работи за Крива Паланка.

Градот се сака единствено и само со упорна работа, со посветеност од утро до мрак, со секој потрошен атом од нашата енергија и нашето време, за вас гераѓаните, за градот…за да Крива Паланка денес изгледа европски и модерно.

За уште поубава Крива Паланка – денес официјално означуваме нова инвестиција- нови 35 милиони денари со овој најнов проек.

Проект што значи:

-нов лик на централното градско подрачје, од населба Единство до Соларски Мост, -проширување на улицата со трета лента и изградба на кружен тек кај Соларски мост како и

– значаен придонес кон намалување на  сообраќајниот метеж во градот.

И не само тоа, по изградбата токму на оваа улица, следи  решавање на уште еден горлив проблем на градот, а тоа е  конечно да ставање крај на недостигот од паркинг места.

Паралелно со сите други активности – во наредниот период продолжуваме активно да  работиме на:

-подготовка на проектно – техничка документација за изградба на челична монтажна-демонтажна катна гаража и

– и воведување на зонско паркирање во центарот на градот, за што сме навистина подготвени.

Сето ова значи исполнување на уште едно од клучните програмски ветувања од изборната кампања, но  пред се – затворање на едно прашање што секојдневно не мачи сите нас.

Овој проект, проширувње и рехабилитација на централната улица е влог во урбана и модерна општина КРИВА ПАЛАНКА , но е само уште еден во низата проекти со кои во месеците пред нас инвестираме импозантна сума за инфраструктура  и разубавување на центарот на градот. Таа сума надминува 80 милиони денари што се вложуваат во:

  1. Проектите за кои пред само 3 дена Крива Паланка повторно добри огромна поддршка од Владата, за реконструкција на трите главни моста над Крива Река, одобрена се сума од 26.6 милиони денари за: Шанин мост, Виолетов мост и Осички мост и
  2. Проектите преку ТАВ програмата и МТВ, со одобрени

14 милиони денари за реконструкција на “Соларски мост” и ”Градечки мост”.

Сумирано во бројки  – за само една календарска година во центарот на градот инвестираме над 75 милиони денари за реконструкција на сите пет градски мостови во изградба на централната улица.

Проекти со кои правиме досега невидена модернизација и промена на ликот на центарот на градот, комплетно цртање нови контури на НАШАТА КРИВА ПАЛАНКА.

Затоа, колку и да звучи нескромно, едно е сигурно и со гордост ќе го кажам – токму оваа генарација политичари ќе биде запаметена и трајно врежана во историјата на овој наш убав град дека:

– со изградбата на градскиот парк и плоштад

– со овие инвистиции и вложувања,

за век и векови, до непрепознатливост во позитивна смисла, ја променивме личната карта- личниот опис на Крива Паланка.

На Крива Паланка  за која, најголема потврда за промените што ги правиме доаѓа од посетителите кои се се повеќебројни, од секојдневните позитивни коментари на социјаните мрежи, дека нашата Општина, полека но сигурно, прераснува во најубавиот,  мал, модерен и урбан град во државата.

Токму за овој податок е најдобар аргумент и потврда дека, сите Вие драги кривопланачани, секаде со гордост кажувате дека сте од Крива Паланка.

 

И затоа неуморно – работиме и тука и насекаде во општината, не само овде во центарот на градот, туку и во Конопница и во Илинден, каде благодарение на поддршката од Министерството за транспорт и врски и на одличната соработка што ја имаме, реализиравме и реализираме бројни проекти за граѓаните.

Во населба Илинден вложивме 15 милиони денари од  проектот за асфалтирање на шест улици, работите се во завршна фаза и денес ќе извршиме увид во гредежните  активностите на терен. Овој проект  очекуваме до крајот на месецот целосно да биде завршен.

-Минатата година го асфалтиравме  и пристапниот пат кон новите градски гробишта во Конопница, вреден близу 200.000 евра исто така  од Светска банка, преку Министерството за транспорт и врски;

– Со проектот од Програмата за Декада на Ромите, следната година ќе се асфалтира ул.Гоце Делчев, а во ромското маало-Единство  минатата година ја изградивме улица „Пиринска“;

– Преку МТВ  лани го изградивме главниот лев колектор, од градски пазар до населба „Бегови Бавчи“, и можеби најзначајната подршка Крива Паланка ја доби преку највредниот документ за градот, што исто така означи нов тек, нов дух на развој и прогрес, а тоа е носењето на новиот ГУП за град Крива Паланка, каде токму Вие лично, Министер Бочварски и другар Љупчо, бидејќи јас лично можам да севдочам за тоа – се ангажиравте максимално, за  денес да се гордееме со овој голем успех на Општината, успех во кој што никој не веруваше.

Искрена благодарност од мое лично име и од име на моите паланчани за сè што Крива Паланка доби и добива, од Вас и сите останати министри во Владата на РСМ со целокупната поддршка што ни се пружа постојано.

Поддршка во интесер на граѓаните, сплотеност  и  заедништво со одлична соработка  за видливи резултати.

Уште еднаш ви благодарам за одличната соработка со Министерството за транспорт и врски, со Владата на РСМ.

Благодарност и до вас и до сите Министри во целокупната влада, за поддршката на  Општина Крива Паланка која знам дека кривопланчани ја ценат, знам и убеден сум дека и ќе ја наградат.

Затоа што,  нашата Крива Паланка живее ера на досега

незапаметени:

модернизација, урбанизација и буквално – регенерација во секој домен.

Затоа што тоа е наш стил на работа, зашто граѓаните и нивните потреби се наш патоказ. Затоа што така ветивме, затоа што така умееме и никако поинаку.

Благодарност до сите што работеа на овој проект до општинската админстрација, до проектантите и до советниците за подршката во Советот.

Сосема за крај, една порака до граѓаните на Крива Паланка:

Потполно сум свесен дека реализацијата на овој проект ќе предизвика промени во секојдневното функционирање, можеби и нервоза во извршувањето на секојдневните обврски на граѓаните – дека ќе наидеме на реакции и коментари, но нека –  ние се навикнавме на сето тоа, знаете, НАЈВАЖНО Е ДА СЕ РАБОТИ, ДА СЕ СОЗДАВА и се што правиме, е да СОЗДАВАМЕ – ЗА ПОДОБРО УТРЕ, искрено и храбро решавајќи ги денециските проблеми, кои никој немаше храброст да се нафати да ги реши и затоа знам и сум убеден дека, НАШИТЕ ДЕЛА И РАБОТА ДЕНЕС СЕ ВЛОГ ЗА ПОУБАВА ИДНИНА,  денешен влог за идните генерации.

Ќе ги замолам сите мои сограѓани за трпение и разбирање од нивна страна, и да имаат разбирање за сложеноста на целиот овој проект.

Посакувам успешна, брза и ефикасна реализација. Нека е со среќа новиот капитален проект што и посакувам да се радуваме на уште многу успеси..

Да сте живи и здрави.

Големина на фонт
Контраст