Селектирај и добивај

Општина Крива Паланка  и  општествено  одговорното друштво за  отпад од пакување ПАКОМАК ,   во соработка со маркетот Николови создадоа можност  на граѓаните за одговорно и бенефитно  одлагање на пластичен амбалажен отпад и лименки од пијалоци.

Имено од страна на ПАКОМАК ,во маркетот Николови лоциран во центарот на Крива Паланка е поставена вендинг машина за собирање на амбалажен отпад   во која граѓаните ќе може да селектираат и  одлагаат пластични шишиња од 0,33 до 2 литри и алуминиумски лименки од пијалоци.

За секое селектирано парче ваков вид на амбалажа се добива еден,, зелен поен ,,  од општина Крива Паланка , кој се впишува на мобилна апликација во форма на ваучер.

Поените можат да се користат за купување на производи во маркетот Николови. Сметката на купените производи ќе биде намалена за износот на вредноста на ваучерот.

Целта на оваа можност е да се намалува негативното влијание на амбалажниот отпад врз животната средина , сооздавање на по одговорен однос  кон амбалажниот отпад и стекнување на одредена поволност односно бенефит од тоа. .

Начинот за  користење на оваа можност детално е опишан  на  соодветни информативни листови кои  граѓаните можат да ги подигнат  од пултовите за касите на маркетите Николови ,а одреден  дел од информативните листови преку училиштата и инкасаторките служби ќе бидат  доставени и до  домовите на граѓаните.

Големина на фонт
Контраст