Општина Крива Паланка со цел минимизирање на присуство на неупотребливи електонски и електрични апарати и уреди, кои како отпад можат да имаат одредено штетно влијание на животната средина и природата , постапува согласно законската регулатива, врз основа на која има воспостевено и применува соодветен функционален систем на собирање , складирање и предавање на ваков вид на отпад на определени колективни постапувачи.
За оваа цел општината има склучено два договори со оператори односно колективни постапувачи за ЕЕО и тоа: ЕЛКОЛЕКТ и ЕКОН ЕЛЕКТРОН од Скопје . Од нивна страна се поставени неколку помали метални контејнери и два поголеми еко магацини за одлагање на електронски и електричен отпад .Во текот на овој месец на наведените колективни постапувачи им се предадени околу 5 тони на електричен и електронски отпад одложен од страна на граѓаните.
Оваа количина на предаден електронски и електричен отпад го потврдува фактот дека граѓаните на општина Крива Паланка имаат сериозна заложба за селекција на отпадот, а со тоа и за чиста, зелена и одржлива животна средина и природа
Барање за создавање на дополнителни услови за зголемена соодветна селекција на отпадот и намалување на несоодветниот отпад на комуналната депонија беше посебно потенцирано и јавно изјавено од страна на младите на неколкуте форуми на зедницата кои се одржаа во текот на последните месец во Општината.
Локалната самоуправа на Општината создава услови и можности за селекција на разни видови на отпад и ќе продолжи во тој правец да делува и во наредниот период .