Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими градоначалникот Сашко Митовски со пријателите од Босна и Херцеговина, Јасмин Брашниќ и  Ајдин Османовиќ

Градоначалникот Сашко Митровски, денес заедно со пријателите од Босна и Хецеговина, професорот Јасмин Брашниќ и малото момче со бисерен глас, Ајдин Османовиќ, беа гости и остварија средба со Претседателот Стево Пендаровски.

На средбата се разговараше за пријателството и меѓународната соработка што Крива Паланка ја осварува, за културната размена и промоцијата на нашето нематеријално наследство и традицијата, како свевидни амбасадори на македонската држава и нашиот културен идентитет.

Токму вакви мостови на пријателство гради  Општина Крива Планака со  пријателите од Босна и Хецеговина, малиот Ајдин и професорот Брашниќ,  со кои се иницираше збратимување на Крива Паланка со нивниот роден град Сребреник.

Професорот Јасмин Брашниќ  и босанскиот славеј,  Ајдин Османовиќ  се големи почитувачи и љубители на македонското народно творештво и со нивната задничка работа и голема љубов кон македонската песна, го поставија на пиедестал богатството на македонската традиција, истакнувајќи ја како вредност од непроценливо културно и цивилизациско значење.

Големина на фонт
Контраст