Потпишaна  Повелба за пријателство и соработка помеѓу Општина Крива Паланка –Република Северна Македонија и  Град Сребреник –  Босна и Херцеговина

Денес на Свечената седница на Советот на Општина Крива Паланка, беше потпишана Повелба за пријателство и соработка меѓу град Сребреник, Босна и Хецеговина и Општина Крива Паланка.

Повелабата за пријателство и соработка свечено ја потпиша градоначалниците Аднан Бјелиќ и Сашко Митовски.

Пријателство меѓу двете локални самоуправи и идејата за збратимување се роди од еден неверојатен солистички концерт на младиот Ајдин Османовиќ и неговиот професор и ментор Јасмин Брашњиќ , кој се оддржа пред кривопаланечката публика.

Виртуозната  изведба на традиционални македонски народни песни ги воодушеви кривопаланчани и тоа е моментот кога се раѓа меѓусебно поврзување и пријателство, кое набргу прерасна во идеја за збратимување на родниот град на Ајдин и професорот Јасмин Брашњиќ – град Сребреник со Крива Паланка.

Целата на ова ново пријателство меѓу двете општини е градење на блиски врски, размена на искуства и широка соработка на полето на културата, младите и спортот,  унапредување на взаемните односи и размена на искуства во насока на подобрување на економскиот и социјалниот развој, како и другите области од општествениот живот.

Во рамки на овој свечен чин, градоначалникот на Општина Крива Паланка Сашко Митовски имаше свое обраќање пред присутните, во кое изјави:

„Повелбата за пријателство и соработка што денес ја  потпишуваме ќе стави траен белег што ќе остане во времето – за двата братски града, Крива Паланка и Сребреник, за пријателство засновано на темелите на емоција, скромност и детска искреност.

Нашите подадени и цврсто здружени раце денес, за потпишување на официјалните документи, ќе ја збогатат листата на братски градови на Крива Паланка со уште едно име, град Сребреник, Босна и Херцеговина.

Сите ние ќе сведочиме и на силната енергија со која се поврзавме, а тоа е силата и величината на културата и на културните амбасадори, нашите пријатели, Јасмин и Ајдин.

Во тоа име, уште еднаш ќе порачам:

Да градиме трајни пријателства, со добрина и љубов, со човечност и поддршка, вредности кои немаат цена.
Да продолжиме да надградуваме се што е поставено на цврста основа, како ова збратимување.
Да изнајдеме нови можнсти за поврзување и уште поголема соработка, и во други области, како туризам, спорт, образование.
Можностите се тука, наше е да ги искористиме и веќе во следната можна прилика,  да говориме за наши нови заеднички остварени иницијативи.

Посакувам, Вие драги мои пријатели и вашите сограѓани, од денес да се чувствувате тука, во Крива Паланка како дома, да Ве поканам да ни бидете гости, со и без посебен повод, едноставно, да знаете дека нашите врати и нашите срца секогаш се широко отворени за Вас и луѓето од Србреник.

Да се почитуваме и чуваме, да го негуваме ова наше пријателство многу, многу години“, изјави градоначалникот Митовски.

Големина на фонт
Контраст