Општина Крива Паланка го доби првиот развоен Буџет за 2024 година

Членовите на Советот на општина Крива Паланка, денеска, го усоија буџетот на Општината за 2024 година.

Ова е првиот развоен Буџет со развојни програми, кој некогаш го имала Општина Крива Паланка, со основен Буџет во висина од 216 188 000 денари ,од кој за капитални проекти е предвидена рекордена висина на финасии од вкупно 94 000 000 денари.

Вкупенио Буџет,  кој во себе ги вклучува основниот буџет, буџетот на самофинансирачки активности, буџетот на дотации и буџетот на донации, е во вкупна вредност од 522 809 000 денари.

При изработка на Буџетот,  земени се предвид и идеите, потребите и приоритетите на граѓаните, што општината ги доби по пат на реализација на „Родово одговорен буџетски форум“ со цел партиципативно и транспарентно родово одговорно изготвување на Буџетот на општината за 2024 година, заедно со граѓаните.

При изготвување на Буџетот се почитувани важечките законски прописи и насоките добиени од Министерство за финансии за изготвување на Буџети на единици на локална самоуправа.

Во рамки на последната седница на Советот за оваа тековна 2023 година, градоначалникот Сашко Митовски имаше свое обраќање во кое најпрвин даде ретроспектива на реализираните проекти и активности во тековната година и воедно ги наведе најважните проекти кои ќе се реализираат во наредната 2024 година.

„Драги советници,раководители, граѓани, во годината што доаѓа, да продолжиме со љубов и срце да работиме и градиме град – во кој нашите идни поколенија ќе ја градат својата иднина, како перспективни и среќни граѓани .

Да го оставиме за идните генерации ова прекрасно парче земја уште поубаво и по просперитетно, затоа што е тоа наша должност, обврска и долг кон општеството.

Од она што денес го правиме, зависи каква ќе биде утрешнината.

А во Новата година – мојата енергија, заедно со општинската администрација, повторно ќе биде насочена кон проекти и концепти за уште поубава, почиста, зелена, урбана, модерна Крива Паланка.

И во 2024 година, повторно личната карта на нашата убава општина да бидат:
– уште повеќе зеленило,  нови урбани проекти за модерен лик,
– неизмерната  грижа за дечињата, за младите, за највозрасните.

Во Новата година да продолжиме да пружаме љубов и добрини. Да правиме добри дела и да сведочиме на убавини.

Посакувам сите да имате здравје и среќа, да владеат мир, хармонија и благосостојба во вашите домови и радост да ги исполни вашите срца, порача градоначалникот Митовски.

Новогодишно обраќање 2023

Големина на фонт
Контраст