Завршено асфалтирање на улица „Осоговска“

Градоначалникот Сашко Митовски направи увид во завршната фаза од асфалтирањето на ул. „Осоговска“.

Финасиските средства за асфалтирањето на ул. „Осоговска“ се обезбедени преку Бирото за регионален развој, од проектот за создавање услови за развој на урбаните подрачја во општина Крива Паланка.

Вкупната вредност на овој проект е во висина од 15.4 милиони денари, и со него беше опфатено и завршено асфалтирањето на ул. „Македонска“ каде е поставена  атмосферска и фекална канализација со соодветна пропратна инфрастуктура, потоа ул. „Баглачка“, како и ул. „Климент Охридски“ .

Општината континуирано планира и инвестира за подобрување на урбаниот и модерен лик на секој дел од градот и така симболично, на терен ја завршуваме оваа календарска година, а за следната најавуваме уште многу проекти за подобрување на условите за живот во секое населено место.

Големина на фонт
Контраст