Околу триста дечиња од трите клона на детската градинка „Детелинка“ од Крива Паланка и штитениците од Дневниот центар за лица со посебни потреби, денес добија новогодишни пакетчиња од локалната самоуправа на општина Крива Паланка.
Градоначалникот Сашко Митовски заедно со претседателаката на Советот на општина Крива Паланка, Изабела Павловска и Секретарот, Мартин Николовски, традиционално во пресрет на новогодишните празници ги посетија најмалите жители на општината, во трите клона од градинката „Детелинка“, а потоа и штитениците од Дневниот центар за лица со посебни потреби и им посакаа среќни и весели празници.
– Дарувањето подароци за најмалите и најмили жители на градот е задоволство кое ни ги исполни срцата. Посакувам секој миг од нивните животи да биде исполнет со убавини и радост, добро здравје и безгрижно детство, порача градоначалникот Митовски.
Вработените во овие установи изразија голема благодарност до градоначалникот и локалната самоуправа, зошто и оваа година ги израдуваа децата со новогодишни подароци, а дечињата со новогодишните песнички, со насмеаните и весели лица споделија радост и среќа и ја пробудија новогодишната еуфорија кај сите присутни.