Новогодишна весела атмосфера и празнична еуфорија на градскиот плоштад во Крива Паланка

Преполн плоштад, празнична атмосфера и забава за младите и повозрасните, ваква беше сликата од синоќашниот настан во рамки на “Новогодишниот базар” во Крива Паланка што ја навестува предновогодишната еуфорија во градот, кој и оваа година е во организација на Општина Крива Паланка и кој ги оправда очекувањата на граѓаните и понуди одлична забава што со нетрпение се очекуваше во пресрет на Новата година.

На програмата синоќа настапија Мартија Станојковиќ, ДНК и магионичарот Кристијан Бенито.

Градот живее во фантастичната празнична атмосфера а предновогодишната еуфорија ја донесоа Мартија, ДНК и Кристијан.

Плоштадот беше преполн за време на базарот, кој ги обединува сите генерации, со добра музика, добра забава, топли пијалоци и закуски и моменти вредни спомени.

“Новогодишен базар 2023” го прави градот привлечен и ја носи празничната магија во сечие срце, напиша градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, кој најави одлична програма и забава за сите генерации и наредните денови,во рамки на програмата на базарот.

Викендов на плоштадот задолжени за прекрасната позитивна енергија и атмосфера беа задолжени Дејви, локален рок-изведувач со неговиот бенд во состав: Дејан, Душан и Кирил, а вечерва, повторно со почеток во 18 часот, присутните ќе можат да се забавуваат со: Слаткар, Либеро бенд и Тамара Ракичевиќ.

Општина Крива Паланка најавува одлична претпразнична атмосфера на плоштадот со дневна и вечерна забава и во петок и сабота, кога деневни шоу програми се предвидени и за најмладите жители.

Во сабота напладне по музичкото шоу ќе пристигне Дедо Мраз, а вечерта ќе настапат „Некст Тајм“, огнено шоу и „Два бона“

Големина на фонт
Контраст