ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА ГИ ПРОГЛАСИ НАЈДОБРИТЕ ВО 2023 ГОДИНА

Градоначалникот Сашко Митовски и претседателката на Советот на Општина Крива Паланка, Изабела Павловска, денеска ги доделија наградите на најуспешениот пожарникар, најдобриот полициски службеник, најдобриот комунален работник од ЈП Комуналец, и за првпат годинава беа доделени награди за најдобриот воспитувач од градинката „Детелинка“, најдобриот спортист и најдобриот земјоделец во општина Крива Паланка за 2023 година.

Признанија со палкети за своите заслуги во работењето, професионалниот успех и пожртвуваноста на работното место, добија:

Драган Маџовски – најуспешен пожарникар од ТППЕ Крива Паланка; Даниел Младеновски- најдобар полициски службеник од  ПС ОВР Крива Паланка; Мане Ѓоргиевски – најдобар комунален работник во ЈП Комуналец; Лидија Златановска – најдобар воспитувач од ОЈУ Детска градинка „Детелинка“ Вукашин Јовановиќ – најдобар млад спортист и Габриела Стојановска –  најдобар земјоделец за 2023 г.

Градоначалникот Сашко Митовски им честиташе на добитниците на признанијата, за најуспешни во 2023 година со порака, дека овие признанија треба да претставуваат поттик за поголема лична мотивација, пожртвуваност, одговорност и посветеност кон работните задачи, а ваквиот принцип на работа, треба да се применува во секој момент и да се покаже на дело во средината во која работиме и живееме.

Големина на фонт
Контраст