Новогодишен прием за стопанствениците, локалните и државните институции, НВО секторот и други соработници и членови на локаната заедница

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски денес организираше новогодишен прием за членовите на бизнис заедницата, пратставниците на граѓанските здруженија и организации, претставници на државните и локалните институции, претставници на образовните институции, културните работници, пензионерите, претставниците на медиумите и голем број други соработници и членови на нашата заедница Во своето пригодно обраќање, градоначалникот Митовски на сите присутни им посака мирна и среќна 2024 година, со желби за взаемно разбирање и успешна меѓусебна соработка во интерес на сите граѓани на општина Крива Паланка.

– Во оваа прилика и во духот на нашите традиционални вредности, сакам од се срце да ви ја честитам Новата година и божиќните празници и да ви посакам здравје, среќа и успех на личен и професинален план и овие празнични денови да ги поминеме во мир, заедништво, толеранција и разбирање, порача градоначалникот, Сашко Митовски.

Големина на фонт
Контраст