Хуман гест и донација на градоначалникот Сашко Митовски и среќниот Наум Поцев кој го извади светиот крст

Градоначалникот Сашко Митовски денес заедно со Наум Поцев, кој годинава го извлече Богојавленскиот свет крст од Крива Река, го посети нашиот сограѓанин Игор Младеновски, лице со Даунов синдром и неговата самохрана мајка Рушка, каде заеднички го донираа телевизорот, наградата доделена од страна на општината.

„Грижа за заедницата и хуманите дела нека бидат наша одлика. Да продолжиме да бидеме хумани, да донираме и да помогнеме за оние, на кои им е потребна помош. Нашиот мал хуман гест, некому значи многу“.

„Направи едно добро дело и фрли го во морето, брановите на животот кога тогаш ќе ти го вратат “, оваа максима нека ни биде животна водилка за добри и хумани дела, изјави градоначалникот Митовски во оваа прилика.

Мајката Рушка и синот Игор Младеновски изразија благодарност до градоначалникот Сашко Митовски и Наум Поцев, за идејата, поддршката, за желбата и за убавиот гест и донираната награда и воедно упатија честитки до градоначалникот, за прекрасната организација на  големиот христијански празник, Богојавление – Водици.

Големина на фонт
Контраст