Извиднички одред Наум Наумовски – Борче од Крива Паланка успешно го реализираше проектот добиен по јавниот повик од ReLOaD2 проектот

Проектот ,,БОРЕНКА младинска акција за активизам и волонтеризам“ имплементиран од Извиднички одред Наум Наумовски – Борче од Крива Паланка во партнерство со Сојуз на извидници на Македонија, финасиран од УНДП и Општина Крива Паланка, успешно ги реализираше активностите од проектот и според планираната динамика.

Во просториите на Општина Крива Паланка од страна на преставници на УНДП во присуство на преставници од општинската администрација, беше извршен финален мониторинг на овој проектот, за што членовите на Комисијата за мониторинг ја дадоа најпозитивната оцена.

Во рамки на овој проект беа засадени 2000 садници бор во кривопаланечкиот регион, беше изготвена едукативна програма по која беа организирани 8 едкукативни работилници со присуство на вкупно 603 млади. Исто така, беа релизирани и 5 промотивни настани за заштита на животната средина, како и тродневен Боренка камп со вкупно 89 присутни ученици.

Свој допринос во имплементацијата на проектот дадоа, УНДП, Општина Крива Паланка, Сојуз на Извидници на Македонија, ЈП Национални шими подружница Осогово Крива Паланка, ООУ „Св.Јоаким Крчовски“, ООУ „Илинден“,СОУ „Ѓорче Петров“, MИА , Здруженито ЕАЗ Осоговски акцијаши од Крива Паланка, Извидничките одреди од Македонија и други заинтересирани поеднци од локалната заедница.

Големина на фонт
Контраст