Одржана Петтата (последователна) форумска сесија од проектен форум во Општина Крива Паланка во рамките на проектот,,Зајакнување на општинските совети- фаза 2”

Денес во Општина Крива Паланка во рамките на проектот “Зајакнување на општинските совети“-фаза2, кој го реализираат Програма за развој на Обединети Нации – УНДП, Швајцарска влада, Министерство за локална самоуправа, во соработка со Општина Крива Паланка, ја реализира петтата форумска сесија од проектот.

На петтата форумска сесија учесниците на форумот имаат можност да се запознаат со постигнатите резултати и реализацијата на избраниот проект – Изградба на ПАМП патека (трак пологон) за велосипедизам во рамки на спортскиот комплекс-Градски стадион, како и останатите проекти и препораки од форумот кои тие ги избраа за најприоритетни за реализација.

Присуството на жителите, здруженијата на граѓани и претставниците на институциите, како и нивното активно учество на сесиите, даде голем придонес и беше од особено значење за успешно спроведување на проектниот форум и изборот на проекти, предложени и подржани од жителите на општина Крива Паланка.

Општината и во наредниод период продолжува со соработка со Програма за развој на Обединети Нации – УНДП.

Големина на фонт
Контраст