Градоначалниот Сашко Митовски денес имаше средба со членовите на карате репрезентацијата, Вукашин Јовановиќ и Адријан Симоновски и нивните тренери Стевче Христовски и Жарко Ангеловски од Карате клубот „Шампион” од Крива Паланка.
Повод за средбата беше нивното заминување на претстојното Еврпско првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21, што ќе се одржи од 09-11.02.2024 година во Тбилиси, Грузија.
Со одлука на Советот на Општина Крива Паланка, финасиски во целост ќе се поддржи нивното заминување и настапот на ова најзначајно и најквалитетно натпреварување во карате спортот во 2024 година, на кое настапуваат сите најквалитетни каратисти од стариот континент.
Со оглед на досегашните спортски резултати и моменталната форма на Вукашин Јовановиќ и Адријан Симоновски, реално може да се очекува дека, тие достојно ќе ја претстават Општина Крива Паланка и РС Македонија на ова најголемо карате натрпеварување во Европа.
На Европското првенство во Тбилиси, Грузија, ќе настапат 1160 каратисти со 1127 натпреварувачки влезови од 49 држави, а Македонската репрезентација ја сочинуваат вкупно 28 каратисти.