На прелог на градоначалникот Сашко Митовски, денес Советот на Општина Крива Паланка усвои Одлука за задолжување на Општина Крива Паланка, заради реализиација на проектот за изградба и поставување на две монтажни катни гаражи и решавање на проблемот со просторно паркирање во централното градско подрачје во Крива Паланка.
Со овој проект поконкретно ќе се изврши проектирање, изградба и поставување на две монтажни челични конструкции за катни гаражи на две локации во централното градско подрачје на Општина Крива Паланка ( Кај градската автобуска станица и кај градски пазар). Вкупната вредност на проектот изнесува 40.000.000,оо денари.
По реализацијата на овој проект ќе следува и имлементација на проектот за зонско паркирање за конечно олеснување на проблемот со паркирањето на јавните површини во градот и решавање на сообраќајниот хаос во централаното градско подрачје.