Општина Крива Паланка е избрана за „Град на културата“ во 2024 година

Министерството за култура донесе одлука Општина Крива Паланка да биде организатор на манифестацијата „Град на културата“ во 2024 година.

Благодарение на понудената квалитетна и содржински богата програма, Општина Крива Паланка ја заслужи довербата од комисијата при Министерството за култура, да биде избрана за пестолнина на културата во 2024 година.

Градоначалникот Сашко Митовски изјави дека оваа одлука на Министерството не е склучајна, туку заслужена и претставува голема чест за сите чинители на културниот живот во локалната заедница.

Крива Паланка цела година ќе ја носи титулата „Град на културата“ и ќе биде

главна културна дестинација за посета во државата и регионот, благодарение на квалитетната и разновидна програма, на докажаниот ентузијазам, одлична организација и реализација на досегашните кутурни настани во општината, од кои повеќето се со меѓународен и традиционален карактер.

Програмски концепт  вклучува најразлични жанрови и естететика, традиционално и современо творештво и настапи на релевантни домашни и странски уметници.

Програмата опфаќа 55 проекти од сите дејности и достапност на културата за сите во општината, со учество на многу млади домашни уметници и автори.

Почнувајќи од март до крајот на годината – Крива Паланка дефинитивно ќе биде град на уникатен и препознатлив репертоар и културни настани.

Оваа манифестација се реализира од 2004 година, се со цел создавање услови за рамномерен културен развој, достапност на културните вредности за граѓаните, како и заживување на културата на локално ниво.

Големина на фонт
Контраст