Почеток  на градежните активности за реконструкција на главната улица

Градоначалникот Сашко Митовски денес направи увид во почетокот на градежните активности за Реконструкција  и проширување на улицата “Св.Јоаким Осоговски”, на потегот од долот во населба „Единство“ до влезот кај Зелен пазар.

Со предвидената изградба и реконструкција на главната улица, опфатени се и решенија на сите потребни инсталации, како што се: електрика, водовод и атмосферска и фекална канализација.

Нашиот град постојано се модернизира и урбанизира , а со реализација на овој проект граѓаните ќе добијат ново модерно решение за главната улица и за централниот дел од градот.

Проектот предвидува проширување на ул. „Св.Јоаким Осоговски“ со трета лента и изградба на кружен тек Кај Соларски мост, со што ќе се добие ново модерно и функционално решение за централниот дел од градот.

Големина на фонт
Контраст