Крива Паланка на високо второ место во изборот за најеколошка општина за 2023 година

Општина Крива Паланка е рангирана на високо второ место на „Изборот за Најеколошка општина“ за 2023 година, преку конкурсот кој традиционално го распишуваат компанијата „Пакомак“ и „Балкан Еко Институт“-Скопје.

Посветената работа, континиураните заложби и визијата на Општината за унапредувањето на животна средина, резултираа со ова престижно признание и награда за постигнатите резултати во областа на екологијата.

Позицијата на високото второ место на конкурсот, е заслуга на добрите политики, домаќинското работење, љубовта кон својот град и секојдневната работа на сите, кои допринесоа Општина Крива Паланка да го добие своето место меѓу првите најчисти општини во државата.

Големина на фонт
Контраст