Општина Кр. Паланка за првпат ќе ја организира манифестацијата СУСУРИГА 2024 во градот, со цел заживување на старата градска традиција на маскирање и палење на оган по повод празникот ПРОЧКА.
Манифестацијата ќе се одржи на 16 Март (сабота) во 18.00 часот во очи на празникот Прочка. Манифестацијата ќе содржи: дефиле под маски, избор за најдобра групна (или маалска) маска, огнено шоу, симболично и ритуално палење на оган – СУСУРИГА и забава по маски.
За таа цел ги повикуваме сите Кривопаланчани над 14 години, да земат учество и да пријават групна (или маалска) маска за претстојната манифестација.
Пријава за манифестацијата: линк