Промоција на манифестацијата „Град на културата 2024“

Министерката за култура , г-ѓа Бисера Костадиновска Стојчевска  и градоначалникот на Општина Крива Паланка, г-дин Сашко Митовски,официјално  ќе ја промовираат манифестацијата  „ Град на културата 2024“ , на прес конференција која ќе се одржи на 6 март 2024 година, со почеток во 10,15 часот, во Музејот на македонската  борба во Скопје.

Покрај нивните обраќања, на прес конференцијата ќе биде презентирана и програмата што ќе се реализира  во рамки на „Град на културата 2024“. Кратки обраќања ќе имаат и претставниците на најголемите традиционални манифестации : Меѓународниот фолклорен фестивал, Меѓународната ликовна колонија и Меѓународниот театарски фестивал кои го носат името на  „Св. Јоаким Осоговски“, Музичкиот фестивал „ЏОЈ ФЕСТ“ и Детскиот фестивал „Распеано симитче“.

Министерството за култура на РСМ ја прогласи Крива Паланка за Град на културата за 2024 година, оценувајќи дека има издржана, атрактивна  и креативна програма со разновидни содржини и учество на истакнати домашни и странски уметници.

Програма вклучува над 50 настани од различни области како концерти, класична, џез и популарна музика, театарски претстави, ликовни изложби и манифестации, книжевни вечери, фолклор, традиционални и  современи уметнички изрази.

Програмата ќе се реализира во период од март до декември 2024 година, со вкупна инвестиција од близу 15 милиони денари. Од нив околу  3 милиони се обебзедени од Министерството за култура, 9 милиони  се  буџетски средства на Општина Крива Паланка, а останатите се од  донатори.

Ова е вторпат Крива Паланка да ја добие титулата Град на културата. Претходно беше културна престолнина во 2013 година.

ПОКАНА

 

Големина на фонт
Контраст