Во пресрет на Денот на жената 8.Март, жените пензионерки денеска ја одржаа својата традиционална забава на која градоначалникот Митовски на припадничките на понежниот пол им подари цвеќиња.
Со посебна почит и неизмерна благодарност, градоначалникот Сашко Миотвски им го честиташе празникот на пензионерките, посакувајќи им многу здравје, долговечност и мирни и безгрижни пензионерски денови.
„Секој ден мораме да покажеме колку го цениме сето она што го правите за нас, вашата напорна работа, посветеност и љубов, и да ви возвраќаме на подеднакво убав начин.
Драги дами, честит 8 Март – Меѓународниот ден на жената. Бидете горди што сте жени, мудри, достоинствени и успешни!
Ви посакувам да бидете исполнети како жени, мајки, сопруги и баби, да имате поддршка од нас во сè – вашите синови, сопрузи, пријатели и колеги“.