Осмомартовска честитка за пензионираните медицински сестри

По повод денот на жената -8-ми Март, градоначалникот на Општина Крива Паланка беше во посета на пензионираните медицински сестри: Јанка Англеовска, Милевка Тренчевска и Невенка Јордановска од ЈУ Здраввствениот дом прф-др. Димитар Арсов и им подари цвеќе.

Со срдечни и искрени честитки за празникот, градоначалниот Митовски им се заблагодари и изрази длабока почит за нивната посветеност и професионалност во работата, за нивната емпатија,одговорност и несебичност, кои оставиле значаен белег и придонес во институцијата и во локалната заедница. „Ова е едно мало внимание со голема почит за нашите почитувани сограѓанки. Во оваа прилика, на сите дами им го честитам празникот 8-ми Март и им посакувам многу здравје, среќа и љубов во семејствата.“, изјави Градоначалникот Сашко Митовски.

Големина на фонт
Контраст