Општина Крива Паланка во соработка со Општина Ќустендил и со Овоштарскиот институт од Ќустендил Р.Бугарија, а со цел унапредување на овоштарството во општината организира стручно предавање од областа на овоштарството.
Предавањето се одржи на ден 12.11.2009 г. (четврток) во 14 часот во големата сала на Советот Општина Крива Паланка. Предавањето го водеше Г-дин д-р Димитар Домазетов, Директор на Овоштарскиот институт од Ќустендил.
Приситни беа голем број граѓани кои се занимаваат со земјоделие или пак сакаат некои свои слободни површини да ги претворат во овоштарници.
Соработката со Овоштарскиот институт од Ќустендил кој има долга традиција ќе продолжи и понатаму.