Денес градоначалникот на Општина Крива Паланка Сашко Митовски и претседателот на Организација на резервни офицери на РС Македонија, д-р Гоце Георгиев потпишаа меморандума за соработка, во рамки на свечено одбележување на 33-годишнината од преземањето на државната граница на караулата „Рамна Нива“.
11-ти Март е денот кога се одбележува годишнината од превземањето и одбележувањето на границата на независна држава РС Македонија, со јасна порака за мирни и добри односи со сите соседи и со сите што живеат во овој регион, а кривопаланечките резервисти влегуваат во историјата, како први македонски војници, кои ја презедоа должноста и командата на караулите Рамна Нива, Деве Баир и Коприва и кои први го кренале македонското знаме на граничниот јарбол.
Со потпишаниот меморандум се дефинираат моделите на меѓусебна соработката, активностите кои се од интерес и бенефот за двете страни, како и соработката во реализација на заеднички проекти во доменот на одбраната, безбедноста и превенцијата.