Во завршна фаза е Проект за намалување на загуби на вода со инсталација на мониторинг системи и мерни инструменти за далечинско очитување на потребите на Општина Крива Паланка.
Со реализација на овој значаен проект, за инсталација на современа технологија во секторот на водоснабдување, Општината ќе обезбеди конкретни податоци и ќе има прецизен увид за потрошувачката на вода, а со тоа ќе доведе до зголемување на ефикасноста во работењето на јавното претпијатие и што е најважно, намалување на загубите на вода на територијата на општина Крива Паланка.
Проектот предвидува инсталација на вкупно 12 мерни шахти на различни локации во градот и оклината, кои веќе се поставени и најголем дел од нив се ставени во функција.
Овој современ систем за мониторинг овозможува и алтернативни придобивки и насоки за тоа кои делови од мрежата треба да се реконструираат во иднина, во кој дел треба да се изврши регулација на притисок, мониторинг на дефекти и сл. И истиот може и да се надоградува.
Финасиските средства за реализација на проектот се во висина од 15 000.000 денари со ДДВ, а Општината ги обезбеди преку Министерството за животна средина и просторно планирање(МЗЖВ).