Инфо-ден за контрола и сертификација на органско производство

Денес во Општина Крива  Паланка се оддржа информативна сесија за процесот на органско производство на храна, сертификација и контрола, а во сорабтка со подрачната едница на МЗШВ.

Триесетина локални земјоделци и производители на храна беа присутни на инфо денот и воедно подетално се запознаа со процесот на сертификација на органското производство.

Обуката ја водеше г-дин Горан Трајковски,контрор за сертификација.

Активноста е дел од активностите на Одделението за локален економски развој и евроинтеграции, со Програмата за локален економски развој на Општина Крива Паланка за 2024 година.

 

Големина на фонт
Контраст