Еколошка акција на младите

Во пресрет на Денот на пролетта, Општина Крива Паланка заедно со Локалниот младински совет и учениците од СОУ ,, Ѓорче Петров“ спроведе еколошка акција за собирање на отпад.

Оваа иницијатива има за цел да ја подигне свеста и да ја поттикне одговорноста кај младите кон природата и да се ангажираат за одржливи практики за чисто и зелено опкружување.

Младите од Крива Паланка со оваа заедничка акција покажаа пример на успешна иницијатива за  грижа и  одговорност кон  локалната заедница и зачувувањето и оддржувањето  на животната средина и здравата околина.

Еколошката акција се спроведува како дел од Акцискиот план кој е во рамките на проектот „Младински активизам за позелени општини“ , а е финансиски поддржан од Delegation of the European Union, Skopje, спроведен од Македонско здружение на млади правници, Go Green – Биди Зелен, Центатр за климатски промени и Младинска Асоцијација Креактив Кавадарци.

Големина на фонт
Контраст