Ден на дрвото

Акцијата Ден на дрвото во општина Крива Паланка се спроведе на две локации. Во село Градец  беа засадени 16.000 садници багрем на  8 хектари опожарена површина, а во село Осиче беа засадени 4.000 садници багрем на 2 хектари опожарена површина.

 

 

Акцијата ја подржаа и активно се вклучија учениците, вработените во образованието, армијата, јавните институции како и невладините организации. Присутни на теренот беа градоначалникот г-дин Арсенчо Алексовски како и министерот за образование г-дин Никола Тодоровски.

Големина на фонт
Контраст