Младата актерка Надица Петрова со стендап комедијата ги насмеа до солзи кривопаланчани кои присуствуваа на стенд ап комедијата “ Не се курчи“ во НУЦК Крива Паланка.
Лесно, ненаметливо, оригинално, од случка до случка , од настан до настан , Петрова ја водеше публиката низ приказната исполнета со хумор и смеа, освојувајки ги симпатиите на присутните со игра, глума и песна.
“Оскаровката“Надица, како што ќе се анрече себеси во комичното шоу, ја почести публиката со несекојдневно доживување и донесе вистинско освежување во културната понуда во нашиот град.
Претставата е дел од иницијативата “Театрите поблиску до публиката“ со која Министерството за култура организира повеќе театарски претстави во градовите низ државата, со цел да се стимулира театарското творештво и афирмација на нашите актери, режисери и останати театарски работници.
Настанот, исто така, е дел од програмата на манифестацијата „Крива Паланка-Град на културата 2024“.
Веќе во понеделник продолжуваме со ново културно доживување. По повод Меѓународниот дек на Ромите -8-ми Април, во НУ Центар за култура, со почеток во 20,00 часот, ќе се одржи концерт „ПОД СОНЦЕТО“, на Бајса Арифовска (кавал, виолина, кларинет) и пријателите (Дамир Имери – клавијатури, Ратко Даутовски – перкусии , Душко Георгиевски-вокал).