Сертификат за Општина Крива Паланка за успешна соработка со УСАИД

Општина Крива Паланка успешно го заврши Проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, финансиран од УСАИД и доби признание-Сертификат, како една од најуспешните во Македонија во делот на зголемува на приходите и извршување на буџетот.

Преставници од Општина Крива Паланка, Драган Цвијовиќ и Сања Стојановска присуствуваа на свечениот настан организиран од страна на УСАИД, на кој им беше врачен Сертификат за посветеност и успешната соработка на Општина Крива Паланка во реализација на овој проект.

На свечениот настан беа претставени најзначајните постигнувања на проектот, искуствата и резултатите од заедничката соработка со партнер-општините.

Големина на фонт
Контраст