Во Крива Паланка ќе се реализира проектот за изградба на Дом за стари лица

Денес, дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Јована Тренчевска, заедно со министерот за  земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и градоначалникот Сашко Митовски направија заедничка посета на Ученичкиот дом „Боро Менков“, каде Општина Крива Паланка ќе го реализира проектот за изградба на Дом за стари лица.

Со проектот за изградба на Домот за стари лица во Крива Паланка, ќе се изврши реконструкција, адаптација и пренамена на сегашниот  Ученичкиот дом „Боро Менков“ во две фази.

Како што изјави градоначалникот Митовски, за превата фаза е изготвена проектна документација и обезбедени се финасиски средтва преку Министерството за труд и социјална политика, во висина од 42 000 000 мкд. со вклучен ддв.

Според проектната документација,  Домот за стари лица во Крива Паланка  е со капацитет за 21 корисник, со расположиви 18 функционални соби, од кои  15 се еднокреветни, а 3 се двокреветни и сите соби се со сопствена бања. Објектот ќе располага и со трпезариска просторија и кујна, просторија за дневен престој за околу 50 корисници, како и други придружни простории, како што се просторија за лекар и медицинска сестра, фризер, просторија за оддржување на хигиена, домаќин, технички простории, котлара и сл.

Во рамки на денешната посета беше направена презентација на проектот за пренамена на објектите и просториите од Ученичкиот дом во Дом за стари лица

од страна на стручните лица во Општината, како и обиколка на домот, каде присутните гости добија детален увид во капацитетите и можностите на УД „Боро Менков“.

Како што беше потенцирано од страна на стручните лица од Општината, во втората фаза од проектот за изградба на Дом за стари лица во Крива Паланка, влегува и сегашниот блок- Б или втора фаза, за кој исто така Општината има обезбедено техничка документација и во иднина во зависност од потребите, со сосема мала преадаптација, истиот ќе може да се стави во функција на Дом за стари лица.

Министерот Љупчо Николовски имеше свое  обраќање пред присутните во кое изјави:

„Заедно со Општина Крива Паланка се одлучивме за реконструкција и прилагодување на УД „Боро Менков“ во еден од најубавите домови за стари лица во овој регион, преку капитална инвестиција на Министерството за труд и социјална политика токму во оваа општина.  Брзото напредување на процедурите, предводена од цврстата решителност на нашиот градоначалник, сигнализира не само бирократски процес, туку и длабока посветеност брзо да се започне со работа во планираниот  дом застари лица.

Овој заеднички потфат симболизира инвестиција во граѓаните и суштинско решавање на нивните предизвици.

Грижата за највозрасните не е само ветување; тоа е наша должност, наша привилегија и наша чест. Да го одиме овој пат заедно, рака под рака со највозрасните, да го испочитуваме нивниот влог во минатото и да им возвратиме денес!

Дополнителната заменик министерка Тренчевска изјави дека: „Неискористениот потенцијал на УД Боро Менков ќе биде претворен во удобен и современ дом, со модерни содржини прилагодени за нега и грижа за нашите највозрасни сограѓани.

Овој проект не само што ќе ја обезбеди достапноста на квалитетна социјална услуга, туку ќе допринесе и кон унапредување на квалитетот на животот на старите лица во нашиот регион, со фокус на нивното достоинствено стареење во заедница, која ќе им пружи безбедност, љубов и нега, изјави Тренчевска.

Големина на фонт
Контраст