Тренчевска и Николовски остварија средба со пензионерите во Крива Паланка

Дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Јована Тренчевска, заедно со Министерот за  земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и градоначалникот Сашко Митовски денес имаа средба со пензионерите од кривопланечкиот регион.

На средбата стана збор за конкретните Владини мерки и политики, кои беа спроведувани во изминатите 7 години, а со чија реализација Владата покажа дека може да се работи поинаку и подобро, притоа водејќи грижа за секој еден граѓанин.

Министерот Николовски, изјави дека, од страна на Владата е донесена нова Методологија, со која на пензионерите им се гарантира постојан и континуиран раст на пензиите.

Сите 330.000 пензионери, два пати годишно имаат гарантирано усогласување на пензиите, следејќи ги растот на трошоците за живот и порастот на просечната плата.

Ова значи дека пензионерите веќе не зависат од нечија добра волја и тоа, дали ќе имаат или не, зголемување на пензијата, туку имаат гарантирано зголемување на пензиите, како растат трошоците и како се зголеува просечната плата.

Ваквата методологија гарантира стабилен пензински фонд и сигурна пензија до секој еден пензионер.

Во рамки на средбата, Тренчевска изјави, дека Владата останува фокусирана на поголем број мерки  од различни области, за да се успее во заложбите за подигање на  животниот стандард на пензионерите и рече:

„Посветено и одговорно работиме во интерес на сите граѓани. Докажавме дека можеме, и заедно ќе продолжиме понатаму во реализација на новите мерки и нови резултати за сите граѓани“.

Пред пензионеритем Тренчевска ги изнесе и новите Владини мерки и обврски, кои Владата ги превзема кон пензионерите и притоа ги потенцираше мерките за минимална пензија од 20.000 денари, просечната пензија од 30 000 денари, усогласувањето на пензиите секој јануари и јуни, воведување на новогодишен пакет за секој пензионер во висина од 6000 денари, картичка за пензионерите со попуст од 30% на прехранбени производи, изградба на најмалку 12 нови домови за стари лица, креирање услови за работно ангажирање, волонтирање на пензионери, како и зголемувања за 30% на правата од социјална заштита до 2028 година, зошто знам дека дел од вас се корисници и на права од социјална заштита

Големина на фонт
Контраст