Успешна имплементација на Проектот за подобрување на социјалните услуги  и грижата за возрасните и ранливи лица во Крива Паланка

Градоначалникот Сашко Митовски, заедно со Јована Тренчевска, дополнителна министерка за труд и социјална политика, во текот на вчерашниот ден посетија дел од корисниците на услугата, нега и грижа во домот за стари и изнемоштени лица од општина Крива Паланка, каде имаа  можност директно да се уверат во задоволството и олеснувањето на секојдневието, кое тие го чувствуваат како главна придобивка од Проектот за подобрување на социјалните услуги.

Во рамки на посетата, градоначалникот Митовски рече дека, Крива Паланка е една од Општините со најголем број корисници на услугата, вкупно 95, а овој Проект се реализира во партнерство со МТСП и Црвениот крст на Крива Паланка, пружајќи грижа за возрасните и ранливи лица, што е приоритет на Општината.

“Нега центар” веќе три години работи успешно и со 32 негуватели, пружа соодветна нега за возрасните во нивните домови. Опфатот на корисници е во постојана корелација со МТСП, ги следиме потребите на граѓаните, одговараме на нивните барања. Во тек е и обуката на четвртата генерација негуватели за нега и грижа за стари лица, затоа што грижата за секој жител е наша обврска“, изјави градоначалникот Митовски.

Тренчевска изрази големо задоволство и упати благодарност до сите вклучени во овој процес, за успешната  имплементациија на социјалната реформа и спроведувањето на Проектот за подобрување на социјалните услуги во Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст