Усвоена Одлука за донесување на Детален урбанистички план

На денешната седница, Советот на Општина Крива Паланка усвои Одлука за донесување на Детален Урбанистички План за дел од блок Ј-06 во Општина Крива Паланка.

Деталниот Урбанистички план за  дел од блок Ј-6, е планска површина од вкупно 4.588,00м2, односно 0,46 ха и го опфаќа делот од кај „Стар Пролетер“ и ЈП Македонија Пат.

Ова е прв донесен ДУП по усвојувањето на новиот Генерален урбанистички план (ГУП) во октомври минатата година.

По изработката и усвојувањето на новиот ГУП, Општина Крива Паланка продолжува  интензивно урбанистички да се развива, модернизира и економски зајакнува.

Големина на фонт
Контраст