Постхумна ретроспективна изложба на уметникот Лазо Крстевски во Градскиот  музеј од Крива Паланка

Утревечер (12.04.2024), со почеток во 20,00 часот, во Градскиот музеј на Крива Паланка ќе биде отворена постхумна ретроспективна изложба на ликовниот уметник Лазо Крстевски (1951 – 2022).

На изложбата за првпат пред кривопаланечката јавност ќе бидат претставени дела на Крстевски, кој важи за еден од најзначајните ликовни педагози во Крива Паланка, а  кој најголемиот дел од својот работен век го има посветено на работата со учениците, што резултирало со броjни благодарници, пофалници, дипломи и награди на многу ликовни конкурси во градот, како и на државно ниво.

Автор на изложбата е Ѓорги Костовски историчар на уметност, кој ќе истакне дека  и покрај мноштвото крстосници и патишта низ разни стилови и правци на Крстевски, неговото творештво може да се подели во три главни циклуси: поетски реализам, експресионизам и лирска апстракција. Единствен мотив кој се повторува низ целото негово творештво е кривопаланечката староградската архитектура, особено старата градска чаршија.

Лазо Крстевски e роден 22.05.1951 година во Крива Паланка. Основното образование го завршува во својот роден град, по што се запишува во средното училиште за примената уметност во Скопје – отсек вајарство, кое го завршува во 1971 година. Подоцна завршува Виша Педагошка академија во Скопје, на групата ликовно воспитување, со што се стекнува со стручно звање наставник по ликовно воспитување и од 1983 година започнува неговата педагошка дејност на која и се посветува се до крајот на својот живот.

Големина на фонт
Контраст