Градоначалникот Сашко Митовски заедно со министерот Љупчо Николовски и стручните служби од Општината, извршија увид во воведните работи за реконструкција и реновирање на т.н. „Виолетов мост“, кој е еден од вкупно петте мостови кои наскоро ќе добијат нов, урбан и модерен лик со што значително ќе го разубават централното градски подрачје.
Инвестицијата за реконструкција на сите пет мостови е во износ од 40.000.000 денари од кои: 26.600.000 денари од Владата на РС Македонија за реконструкција на Шанин мост, Виолетов мост и Осички мост, а 14.000.000 денари се од ТАВ програмата за нов урбан лик на, Соларски мост и Градечки мост.
Реконструкцијата опфаќа отстранување на постојната и поставување нова ограда, комплетно реновирање и ново осветлување.
Општината со голема поддршка од Владата на РС Македонија, посветено работи и континуирано вложува во модернизација на Крива Паланка, за незиниот европски лик и за подобрата перспектива и иднина на младите генерации.